Накит што претходно го носела модната икона од 60-тите: Лејди Гага прошетала ѓердан од 30 милиони долари на Оскарите

Никој не го тргал погледот од нејзиниот врат

Контроверзната уметница заблескала во елегантна тоалета на Оскарите, но посебно внимание привлекол скапоцениот ѓердан на нејзиниот вра

Покрај со златната статуетка што ја добила и со своите музички способности за време на изведбата на песната „Shallow“, Лејди Гага на 91-вото доделување Оскари воодушевила и со изборот на тоалета.

Пејачката е позната по тоа што бира гламурозни креации и секогаш крева голема прашина со својот стајлинг. Овој пат, пејачката и, од неодамна актерка, заблескала во многу едноставна, а сепак уникатна тоалета со потпис на модната куќа „Александар Меквин“.

Овој елегантен и црн фустан со изразено деколте и шлеп, можеби била утка кога некој друг би ја облекол. Но Лејди Гага, знаела како да го носи ова модно парче.

Со креацијата, околу вратот ставила и гламурозен ѓердан од накитот Tiffany & Co., а косата ја подигнала во висока пунџа, исто како ѕвездата од стариот Холивуд.

Станува збор за огромен жолт дијамант од 128 карати што го краси ѓердан на нејзиниот врат, а вредноста му изнесува неверојатни 30 милиони долари.

Интересно е тоа што овој дијамант е посебен поради една причина.

Имено, пред Лејди Гага, го носела легендарната Одри Хепберн во 1961 година, во познатиот филм „Појадок кај Тифани“.

https://www.instagram.com/p/BuS6kizD6nF/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.