Доколку ви недостига инспирација за летните модни комбинации, време е да го запознаете трендот што веќе го освои модниот свет. Станува збор за „Strawberry Matcha“, комбинација од нежни розови и пригушени зелени нијанси, која модните експерти веќе ја прогласија за една од најпосакуваните оваа сезона.
Инспирирана од освежителниот напиток со матча и пире од јагоди, оваа палета носи софистициран, свеж и исклучително елегантен изглед што лесно остава впечаток на луксуз.
Пастелни нијанси што изгледаат скапо
По доминацијата на путер-жолтата, чоколадните тонови и впечатливата црвена, оваа сезона во прв план се пастелните бои.
Комбинацијата од ф’стак-зелена и пудресто розова создава совршен баланс – зелената добива помека нота, а розовата изгледа префинето и зрело.
Тајната на овој тренд не е во впечатливите, силни бои, туку во суптилните нијанси како:
- жалфија зелена;
- светла ф’стак-зелена;
- млечно-розова;
- прашкасто розова.
Токму тие му даваат на секој стајлинг впечаток на безвременска елеганција.
@thepwetty4 Matcha strawberry outfit🍵🍓 #matchastrawberry #matchastrawberryoutfit #outfitideas ♬ original sound – Ⳋ᧙
Како да го носите трендот?
Не мора целосно да ја обновите гардеробата. Овие бои лесно се комбинираат со:
- тексас;
- бела боја;
- крем нијанси;
- чоколадно кафена;
- карамел-тонови.
Наједноставниот начин е да ги поделите боите – зелени ленени панталони комбинирајте со пудресто розова кошула или маица, или направете ја комбинацијата обратно.
Доколку сакате посуптилен изглед, носете бел ленен костум или едноставен фустан во неутрална боја, а впечатокот дополнете го со чанта во боја на жалфија и розови балетанки.

Комбинирајте различни текстури
Овој тренд изгледа особено впечатливо кога се спојуваат различни материјали.
Ленот и памукот се идеални за дневни комбинации, додека сатенот, свилата и органзата внесуваат префинетост и се совршен избор за летните вечери.
Изберете нијанси според вашиот тен
За ладен подтон на кожата најдобар избор се пудрасто розовите и постудените зелени нијанси со сивкав призвук.
За топол подтон подобро прилегаат праскасто розова, топла пистаќно зелена и зелена со боја на младо лисје.
View this post on Instagram
Според модните аналитичари, „Strawberry Matcha“ нема да биде само краткотраен летен тренд, туку комбинација што ќе продолжи да доминира и во сезоните што следуваат. Ако сакате гардероба што изгледа префинето, модерно и безвременски, ова е трендот во кој вреди да инвестирате.
Фото: Instagram