Модниот гаф на Кејт Мидлтон: Критичарите сепак му нашле мана на ова елегантно издание

Случајна или намерна грешка?

Иако секогаш е беспрекорно облечена и модните критичари ретко кога можат да и’ најдат мана, овој пат ја забележале ситната грешка

Кејт Мидлтон воодушевила со елегантниот стајлинг на последното појавување во јавност за време на посетата на Детскиот центар „Хенри Фосет“ во Лондон, но модните експерти и’ нашле една мана.

Војвотката од Кембриџ облекла свилена кошула, женствени панталони со предимензионирани ногавици, а модната комбинација ја надополнила со црни чевли на високи потпетици.

Иако нејзиното издание е многу женствено и елегантно, модните критичари забележале дека Кејт погрешно ја облекла виолетовата кошула од модниот бренд „Гучи“. Имено, овој модел за закопчува на грбот, додека таа ја закопчала напред.

https://twitter.com/KateMCambridge/status/1105781607364022273

Иако, закопчувањето не се забележувало многу поради панделката, копчињата сепак повремено ѕиркале под свиленкавиот материјал.

Не се знае дали сопругата на принцот Вилијам во брзање случајно ја облекла кошулата намерно или, пак, тоа е еден вид моден бунт.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.