Модниот гаф на Иванка Трамп стана вирален (ВИДЕО)

Од икона на стилот до предмет за потсмев

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка (37), од модна икона стана предмет за потсмев на социјалните мрежи поради фустанот штого носеше за време на службената посета на Богота, Колумбија, а екипите хејтери на социјалните мрежи придонесоа нејзината отографија во ова издание да стане вирална.

Имено, Иванка избрала нежно-маслинест фустан од колумбиската дизајнерка Јохана Ортиз со големи лелеави ракави кои потсетуваат на цвет од лотус, кој ја чинел 1.700 долари, прекрасни високи потпетици во ист тон, како и модерно чантиче, но не можеше ни да претпостави што ќе и’ правиветерот.

Таа цело време имала проблеми со ракавите токму поради ветерот, а изразот на лицата на официјалните лица во Богота потврдуваат дека се на работ на „прснат од смеење“.

https://www.youtube.com/watch?v=WpPpnMOvsIc

Видео: Јутјуб

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.