Модна војна на дамите Трамп: Сопругата против ќерките!

Која ви се допаѓа најмногу?

Погледнете и проценете сами

Минатата вечер во Вашингтон, Доналд Трамп одржал говор за состојбата на нацијата пред Конгресот, а на овој настан американскиот претседател бил придружен од страна на сопругата Меланија и ќерка Иванка.

И двете дами се појавиле во елегантни изданија, во црни модни комбинации, што модните критичари веднаш го протолкувале како модна војна и провокација.

Меланија насмеана слушала и аплаудирала од трибините во црн капут со А-крој со сребрени копчиња, додека Иванка одбрала повпечатлив комплет: тесно црно здолниште и струкирано сако, стегнато со лакиран ремен.

Медиумите веќе подолго време шпекулираат за напнатите односи меѓу дамите Трамп, а фотографиите за сега го докажуваат тој факт, со оглед на тоа што сопругата и ќерката на американскиот претседател од првиот поглед во ниту еден момент не се ни погледнуваат.

Чија модна комбинација повеќе ви се допаѓа?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.