Моден двобој: На која поубаво ѝ прилега тесниот, краток фустан – Ирина Шајк или Ники Минаж? (ФОТО)
Пресудете сами!
Исто парче облека на два различни начина!
Ирина Шајк беше снимена од страна на папарацо-новинарите на улиците низ Њујорк со ќерката Леа, и тоа облечена во тесниот, краток фустан што го носеше Ники Минаж на провокативните фотки објавени на својот инстаграм-профил.
Триесет и петгодишната руска убавица го искомбинира со црн мантил и црни комбат-чизми.
Од друга страна, контроверзната американска раперка Ники Минаж пред неколку недели на својот инстаграм профил објави провокативни фотографии на кои позира во истиот фустан. Ники го искомбинирала фустанот со жолти сандали со висока потпетица и шарена чанта, како и големи впечатливи очила за сонце.
Како и обично, на фотките во преден план беше нејзиниот задник.
Има разлика, нели?