Меган Маркл во капут стар 60 години: Жена која се плаши да изгради свој стил!

Уште една копија!

Getty Images

Се верува дека ова е последното појавување на Меган пред нејзиното породување

Принц Хари наскоро ќе стане татко, а неговата братучетка Зара Тиндал му покажала колку верува во неговите родителски способности така што му ја доверила улогата на кум на нејзината деветмесечна ќерка Лена.

Принцот и неговата сопруга Меган Маркл дошле заедно на крштевката во црквата Свети Николас во Глостершир. Меган, чиј термин за породување е во април, облекла широк капут за да го покрие големиот труднички стомак.

https://www.instagram.com/p/BvIF9znFwwf/?utm_source=ig_embed

Капутот го искомбинирала со црна беретка, но и правоаголна чантичка која веќе ја носела неколку пати, а ја дизајнирала нејзината добра пријателка Викторија Бекам.

Темно бордо капутот со два реда копчиња многумина ги потсетил на оној што го носела Џеки Кенеди за време на претседателската кампања на нејзиниот сопруг кога и самата била бремена.

https://www.instagram.com/p/BvJ5vX4lFxc/?utm_source=ig_embed

Ова не е првпат да ја споредат Меган Маркл со познатата прва дама, бидејќи пред два дена модните експерти ја поврзувале нејзината комбинација од последното појавување со комбинацијата што ја носела Џеки Кенеди за време на нејзината посета на Париз во 1961 година.

https://www.instagram.com/p/BvJzJWwA0-N/?utm_source=ig_embed

Фактот што капутот е идентичен на оној што го носела Џеки не би изненадил никого, ако станува збор за модел на капут на Диор од 50-тите години на минатиот век, а набавен е од омилената луксузна продавница за стара гардероба на Амал Клуни „William Vintage“.

Ова не е првпат Меган да ископира проверен стајлинг од глава до пети, а најчестиот нејзин избор се принцезата Дијана, но и Кејт Мидлтон.

https://www.instagram.com/p/BvIaOz1Fcqf/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.