Манекенката за која велат дека има НАЈСОВРШЕНО ЛИЦЕ објави фотка од фустан кој изгледа како некој да го искасапил со ножици: „Ова е крпа!“

Фустанот на Бела Хадид, кој гордо го фотографираше на пробата со дизајнерот, не наиде на реакции кои веројатно би сакала да ги слушне.

Хаотичниот дизајн со големи изрези во горниот дел кои се поврзани со проѕирниот црвен материјал најмногу потсетува на извртената верзија на едноделен костим за капење, кој случајно бил исечен со ножици.

Бела Хадид генералната проба ја објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bellz <3 (@bellsglows)

Манекенката, која е добро позната по своите ризични комбинации, особено по познатите „златно-бели дробови“ и црвениот фустан со висок шлиц на фестивалот во Кан, уште еднаш се обиде да привлече внимание со необичниот дизајн и крој на својот аутфит.

Bela Hadid na Kanskom festivalu

Како што заклучува модното жири на магазинот „InStyle“ – по толку прорези веќе не сме сигурни дали е ова фустан или крпа?

Што велите вие?

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.