Њујорк го почувствува нејзиниот стил – и тоа буквално.
Поп-ѕвездата Мајли Сајрус повторно ги помести границите на модната дрскост и покажа дека контроверзијата ѝ е второ име. Во рамки на промоцијата на нејзиниот нов албум, таа се појави во Њујорк во проѕирна црна тоалета, која ѝ остави многу малку на фантазијата – всушност, речиси ништо.
Под проѕирниот фустан, носеше само минималистички гаќички, целосно отфрлајќи го градникот, и така буквално ги прошета голите гради пред сите фото-објективи. Косата ја имаше врзано во неуредна пунџа, а модниот изглед го заокружи со црни високи потпетици и очила за сонце – доволно за да стане тема број еден на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Но тоа не е сè.
„Најдобриот Лијам“ – неочекувана порака до поранешниот сопруг?
Додека потпишуваше автограми, еден обожавател по име Лијам се пофали дека Мајли му рекла: „Ти си најдобриот Лијам!“ — што фановите веднаш го протолкуваа како остра, но прикриена порака до нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт.
Miley writing “the Best Liam” on my vinyl😭 pic.twitter.com/o0OwVcGLA7
— ۟LIAM (@T0RTERRA) June 4, 2025
Потсетување: Љубовната сага на Мајли и Лијам почна уште во 2010 година. По неколку раскинувања и смирувања, се венчаа во 2018 година, но само осум месеци подоцна му ставија точка на бракот. Разводот беше финализиран во 2020 година.
Мајли уште еднаш покажа дека не само што знае како да ја привлече публиката, туку и како да биде најгласна – без да изрече ни збор.
Фото: Инстаграм, Х