Леопард од глава до петици: Јелена Карлеуша го „растопи“ снегот на Копаоник за време на настапот (ФОТО+ВИДЕО)
Сценско лудило
Јелена Карлеуша веќе традиционално пред Нова година настапува на Копаоник, а сите што имаа можност да присуствуваат на нејзиното сценско „лудило“, имаат само пофални зборови, бидејќи станува збор за доживување што се памети, а снего се „топи“ од количеството енергија!
Во леопардест дезен од глава до петици, на високи потпетици, Јелена Карлеуша пред публиката отпеа дел од своите најголеми хитови, а танчарките, одличната бина и расположената публика придонесоа настапот да изгледа светски.
Фото: Инстаграм, ATA Images