Латино-дивата се стегнала во проблематични хеланки: Спортско издание што не ѝ ласка ни на совршената фигура!

Моден предизвик

Американската актерка и пејачка уловена на улица

Откако одекна веста за обновената романса Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48), папараците го следат секој чекор на латино-дивата.

Познато е дека актерката и пејачката секојдневно поминува многу време во вежбалница, што се гледа и од нејзината беспрекорна фигура. Сега била фотографирана во друштво на својот менаџер Бени Медина на пат до вежбалницата, а нејзиното издание привлекло големо внимание.

Како и секогаш, латино-дивата одбрала хеланки и маица за вежбање, што е веројатно најудобната комбинација.

Но моделот на хеланки што го одбрала воопшто не е привлечен за носење поради металик отсјајот, бидејќи во него женската фигура не изгледа цврсто.

Повеќето спортски модели се направени за визуелно зацврстување на фигурата и подигнување на задникот и затоа жените ги претпочитаат нив наместо моделот што го одбрала Џеј Ло.

Што мислите вие за овие хеланки?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.