Кралицата нема да и’ го опрости ова: Меган Маркл се прошетала низ Лондон во целосно опуштено издание!

Ви се допаѓа?

Британската војвотка се појавила ненајавено во јавност и тоа во прилично интересен стајлинг

Меган Маркл за ручекот во ресторан со директорот за комуникации во Кенсингтонската палата, Кристијан Џоунс, одбрала неочекувано лежерен стајлинг.

Иако минатата година потрошила вртоглава сума за облека, која се проценува на 400 илјада фунти, Меган Маркл, за разлика од својата јатрва, Кејт Мидлтон, во ретки прилики знае да ги разбие своите скапи стајлинзи со евтини парчиња облека.

Но со оглед на тоа што британските медиуми будно го следат секој нејзин чекор, убавата Американка посегнала по методот на својата јатрва и одбрала поевтина облека.

https://www.instagram.com/p/Bs0qCZvhcNz/?utm_source=ig_embed

Прво, пред неколку дена се појавила во јавност во капут на Армани под кој носела фустан од линијата за идни мајки на познат шведски моден бренд, чија цена изнесува околу 8000 денари.

Иако истиот ден заблескала во вечерен фустан со вртоглав износ од својот добар пријател дизајнерот Роланд Морет, за деловниот ручек повторно одбрала евтино парче.

https://www.instagram.com/p/Bs0SIIHn_w9/?utm_source=ig_embed

Меган, при излегувањето од ресторан била фотографирана во скинати фармерки. Повторно станува збор за модел од линијата за идни мајки, а цената им изнесува околу 8000 денари со попуст.

https://www.instagram.com/p/Bs0M-eqlPNC/?utm_source=ig_embed

Со подвитканите фармерки носела потпетици во беж нијанса од брусена кожа со потпис на Стјуарт Вајцман и голема чанта од лондонскиот бренд Малбери, која ја носи со години.

Изгледот го заокружила со темносин капут кој и’ го покрил трудничкиот стомак и со класични златни очила за сонце.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.