Костим за капење што го згрози светот: Изгледа толку вулгарно што предизвикува одбивност!

Погледнете

Ако мислевте дека танга-гаќичките се врвот на вулгарноста на плажа, сте погрешиле! Сведоци сме дека бикините стануваат сè помали со текот на годините, но уверени сме дека никој не го очекувал ова!

Популарниот моден бренд Shein оваа година претстави колекција на неверојатно „разголени“ костими на капење, но еден модел ги шокира сите купувачи.

Станува збор за едноделен костим на којшто практично му недостасува долниот дел! Овој костим е достапен во интензивно зелена и металик црна боја, има тенки прерамки и ги покрива градите, и тоа едвај, но затоа го открива струкот, стомакот, па дури и меѓуножјето!

Едно погрешно движење, а камоли скок во вода во овој костим, е доволно за да се открие најскриената женска интима, па не сме сигурни колку жени се подготвени да го облечат и покрај ниската цена од само 10 евра. Сепак, очигледно е дека има заинтересирани, бидејќи потрошена е речиси целата количина.

Оваа линија на костими за капење предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. И додека некои тврдат дека би уживале да го видат овој модел на дамите на плажите ширум светот, други тврдат дека се згрозени и дека ова е толку вулгарно и просто што се надеваат дека сајтот ќе падне!

„И тангите беа доволно ужасни, но ова навистина отиде предалеку“, „Збогум за границата на добриот вкус“, „Би било скандалозно некој да се појави вака на плажа“, „Толку ми е простачки што ми падна ролетната“, „Ме боли мозокот додека го гледам ова“, „Срам ми е да го гледам ова“, се само некои од коментарите.

Дали и вам ви е сето ова премногу? Пишете ни го вашето мислење!

Најдобриот едноделен костим за капење за ниски жени: Ги крие недостатоците и ги издолжува нозете
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.