Комбинацијата со која нè освои: Викторија Бекам со еден потег ги врати неон-боите во мода

Дали сте подготвени за враќање на неонските нијанси? Можеби е добро да вклучите една – можеби две – живописни бои во вашиот изглед. Три, ако се осмелувате!

Дизајнерката се појави на улиците во Њујорк во светла и шарена облека – сè што е спротивно од суптилното и монохроматско во кое сме навикнати да ја гледаме. Поранешната поп-ѕвезда носеше неонски светли нијанси во комбинација на бои што малкумина ги имаат одблечено од 2013 година.

Вибрантно-црвената блуза ја искомбинира со светложолти панталони – и двете парчиња го носат нејзиниот потпис.

Смелата комбинација ја заокружи со светлозелена чанта на Ботега Венета. Триото (од неочекуваната комбинација) бои направи да изгледа како да излегла од 2011 година, иако елегантната силуета на облеката придонесува за модерен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.