Кога жената ќе наполни повеќе од 50 години, треба да заборави на ваквиот стил на облекување: Изгледа дегутантно и евтино

Совет на модни експерти

Според модните експерти, жените што имаат повеќе од 50 години не треба да облекуваат одредени работи

Една од најстрогите модни критичарки Ана Винтур издвоила едно модно правило до кое треба да се придржуваме ако сакаме да изгледаме отмено, а кое многу жени го прекршуваат.

На младите, неискусни девојки кои трагаат по својот стил, секогаш им се простуваат модните грешки. Меѓутоа, се чини дека на повозрасните жени, особено на оние што ја преминале 50-тата година, им се замерува за секоја ситница.

Модните експерти направиле список на модни парчиња што секоја жена треба да ги заборави откако ќе наполни 50 години. Па ајде да видиме што има на списокот…

Проѕирна облека

Како што велат дизајнерите, проѕирната облека е наменета за помладата популација. Жените во зрели години изгледаат премногу вулгарно во вакви парчиња. Како алтернатива може да послужат парчињата со делови од тантела или од сличен проѕирен материјал, како што се здолништата со делови од тантела, макси-здолниште со еден проѕирен дел, блуза со ракави од тантела и слично.

Кратки маички

Ниту една жена не би смеела да си дозволи вакво парче облека, без разлика колку добро изгледа. Кратките маички што го откриваат стомакот им се наменети на помладите девојки. Струкираната маица е далеку подобар избор во овој случај.

Тесни и скинати фармерки

На жените во 50-тите години подобро им прилегаат поженствени модели на фармерки, како што се панталоните со длабок крој или класичните панталони со рамни или малку широки ногавици, кои одлично одат со потпетици, како овие:

Премногу накит

Како што велат стилистите, не смее да се претерува со накитот по 50-тата година, бидејќи тогаш треба да бидете умерени, а претерувањето може само да ви додаде години.

Дали нешто би додале или одзеле од овој список? Дали модата знае за години или дозволено е сè што ви се допаѓа, без оглед на тоа што велат дизајнерите?

Жените постари од 45 години не треба да се облекуваат вака: Во оваа облека ќе изгледате смешно и дегутантно колку и да сте згодни!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.