Кога ќе помислиме дека не можат да бидат пооткачени, тие повторно нè шокираат: Еве што облекоа познатите на Мет Галата 2021!

Црвениот килим во полн сјај

Синоќа се одржа Мет Галата 2021, еден од најпрестижните модни настани

Годинешната Мет Гала 2021 ги исполни сите наши очекувања: модни прекршоци, скандалозно однесување, лоши избори на костими на секој чекор.

Па да почнеме по ред…

Џенифер Лопез

Многумина велат дека никогаш не била поубава. Откако се смирија со Бен Афлек, Џенифер блеска, но ние би рекле дека станува збор за добро завршена работа. Маркетиншкиот тим на Џенифер Лопез работи со полна пареа. Освен што ѝ обезбедија „врска“ со Бен, сега ѝ склопија и низа договори со престижни модни куќи, па ја облекуваат во најмодерни крпчиња.

Па така, таа се појавила на Мет Галата во модна комбинација на Ралф Лорен, која потсетувала на каубојскиот стил. Во кафено, со голем шешир и длабоко деколте, Џенифер Лопез и понатаму привлекува внимание и ужива во секој момент.

Ријана

Ријана оваа година заработи многу пари, па важи за една од најбогатите жени на светот. Изгледа дека е свесна за својата моќ, па така и се однесува – на црвениот килим зрачи со аура на незаинтересираност и ароганција.

Овој пат се појавила како зла кралица во црна, широка облека – нешто помеѓу фустан и покривач! Пејачката дошла во придружба на својот наводен дечко АСАП Роки, кој бил покриен со ќебе во разни бои.

Кендал Џенер

Сличен фустан носела и Зои Кравиц, иако згодната актерка овој пат не можела да се спореди со манекенскиот изглед на Кендал Џенер и тоа го знаеле и двете.

Додека Кендал блескала и се смешкала, Зои имала незадоволен изглед на лицето.

Ким Кардашијан

Ким Кардашијан дошла во црно од глава до пети – и тоа буквално! Имено, таа овој пат носела моден комплет на Баленсијага, кој целосно го покривал нејзиното тело и лице, а само косата ѝ била слободно пуштена.

Погледнете ги и другите откачени изданија на Мет Галата и пишете ни кое е вашето омилено!

Болно и скандалозно: Ким Кардашијан ги поместила сите граници на модата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.