Ким Кардашијан ги воодушеви своите милионски фанови со новата фризура, но веднаш по Бјанка Ценсори одлучи да покаже и што има.
Најпознатата ријалити-ѕвезда Ким Кардашијан, која неодамна нè почести со бикини фотографии, по долго време се осмели да го промени имиџот, а овој пат, судејќи по коментарите, ја погоди целта.
View this post on Instagram
Долгата коса значително ја скрати, сега носи пејџбој-фризура, а во комбинација со провокативниот фустан што го носеше на еден настан, изгледаше многу привлечно.
Ким Кардашијан отсекогаш ја скокоткала фантазијата со извонредни и провокативни парчиња, а сега ја покажа својата фигура во црно-сивиот фустан од кожа и проѕирен материјал на „незгодните“ делови од телото.
View this post on Instagram
Додека предниот дел на креацијата наликува на ролка без ракави, нејзиниот грб е целосно гол, а задниот дел од фустанот паѓа до нејзиниот задник, покривајќи само половина од она што можеби е нејзино најголемо богатство.
Инаку, овој провокативен стајлинг следи веднаш по скандалозното издание на Бјанка Ценсори, сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, која беше целосно гола на доделувањето на греми-наградите.
Фото: Инстаграм
Видео: Youtube