Ќерката на Ума Турман и Итан Хоук на фестивал во Венеција: Впечатлива креација како создадена за црвениот тепих!

Венецијански фестивал

Младата филмска надеж блеснала во гламурозен фустан

Маја Турман (22), ќерката на Ума Турман (50) и Итан Хоук (49), се појавила на црвениот тепих на 77-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција во впечатлива златно-сребрена тоалета.

https://www.instagram.com/p/CE1fXL8jcQD/

Наследничката на холивудскиот пар, која тргнала по родителските стапки, за оваа гламурозна пригода одбрала токму таков фустан.

https://www.instagram.com/p/CE1fXL8jcQD/

Имено, Маја пред објективите на фоторепортерите застанала со насмевка од уво до уво во ефектна тоалета, која имала тенки прерамки што се преплетуваат на грбот, додека долниот дел од креацијата бил богат со златно-сребрени светкавци.

https://www.instagram.com/p/CE1DOqEFq9c/

Младата актерка се одлучила за препознатливата фризура која инаку ја претпочита на црвениот тепих.

Цела на мајка? Еве на кого личи ќерката на Ума Турман и Итан Хоук!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.