Кејт Мидлтон во необичен фустан: Ризикот секогаш се исплати!

Прекрасна!

Дождот што почнал да паѓа во тој момент не ја спречил Кејт да заблеска

Војводата и војвотката од Кембриџ го посетиле градот Блекпул за да дознаат повеќе за социјалните и психичките проблеми со кои се соочува народот во Британија.

Кејт Мидлтон изгледала многу елегантно додека со насмевка ги поздравувала собраните луѓе.

Дождот кој во тој момент почнал да паѓа не ја спречил Кејт да заблеска во зелен капут и фустан со потпис на Мајкл Корс, со мотиви на пауново перје. Изгледот го надополнила со марама во црна боја и мала чанта што одлично одела со капутот. За целокупниот впечаток придонеле и црните чизми на висока потпетица.

Кај овој изглед, најголемо внимание привлекол необичниот фустан со јака, проѕирни ракави и должина под колената. Овој моден ризик воодушевил многумина, бидејќи Кејт успеала да го вклопи во елегантна комбинација.

https://www.instagram.com/p/Buqxcm3lDre/?utm_source=ig_embed

Косата ја врзала во коњско опавче, а што се однесува до шминката, останала верна на својот ненападен стил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.