Кејт Бекинсејл и вреќа да облече – одлично ќе изгледа, а тоа го докажува и ОВАА фотографија! (ФОТО)
Популарната актерка неодамна се појави во најбесмислениот фустан, кој речиси на ниедна жена не ѝ стои добро, но таа блеска во него!
Холивудската актерка Кејт Бекинсејл вчеравечер се појави на премиерата на нејзиниот нов филм Fool’s Paradise во Лос Анџелес. Убавата 49-годишна дама на црвениот тепих пристигна во многу необична креација, докажувајќи дека спаѓа меѓу ретките дами кои изгледаат навистина одлично и во оние моменти кога прават модна грешка.
Овој пат се потврди дека помалку не е секогаш повеќе. Имено, Бекинсејл избра бел долг плисиран фустан, кој е многу гламурозен, но неговиот А-крој е многу специфичен и проблематичен – премногу е широк и во некои моменти наликува на вреќа.
View this post on Instagram
Од друга страна, оваа тоалета го истакна занесното деколте на познатата актерка, а нејзиното убаво лице, како и секогаш, остави силен впечаток. Комбинацијата ја заокружи со дијамантски обетки и свечена фризура и шминка.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.