Кајли Џенер во „огнено“ издание на Вивиен Вествуд (ФОТО)
Ред хот чили пепер
Најмладата милијардерка на светот и најмлад член на кланот Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер, на популарното афтер-парти во организација на „Венити фер“ блесна во црвена креација на Вивиен Вествуд, која совршено ги истакнуваше нејзините атрибути, дополнително „зачинета“ со скапоцен накит и беспрекорна шминка и фризура.
Ова е дефинитивно едно од подобрите изданија на славната инфлуенсерка, која, се разбира, се пофали на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм, Getty Images