Јована Јоксимовиќ во вакво издание ја водеше утринската програма (ФОТО)

Ги расони гледачите

Го „запали“ студиото појавувајќи се во стајлингот за кој зборуваат сите!

Јована Јоксимовиќ е позната како личност што не се плаши од експерименти, како во приватниот живот, така и на професионален план. Таа моментално ја води утринската програма на ТВ-станицата К1, која е во сопственост на нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ, а неодамна се појави во стајлинг со кој го „запали“ студиото и, веруваме, експресно ги расони сите гледачи.

Токму затоа цела Србија зборува за оваа модна комбинација на убавата водителка.

Имено, Јована се појави во сив мини-фустан со ракави малку набрани во пуф-ефект во пределот на рамениците. Витите нозе дополнително ги истакна благодарение на сребрените салонки на високи потпетици, а стајлингот го заокружи со сребрени алки и совршена фризура.

За ова појавување, водителката доби голем број коплименти, но нас сепак не’ интересира што мислите вие за модната комбинација на госпоѓата Јоксимовиќ.

Дали ви се допаѓа ова издание на Јована?

View Results

Loading ... Loading ...
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.