Јелена Карлеуша во фустанот што го заведе Инстаграм (ФОТО)
На која поубаво ѝ стои: на ЈК или на Роузи?
Прекрасната манекенка Роузи Хантингтон Вајтли прва го забележа потенцијалот на фустанот на еден од омилените брендови на Инстаграм – Cult Gaia.
Станува збор за долг фустан со изрези на половината и со длабоко деколте, кој е еднакво носив и на гламурозните настани и на плажа. Како е возможно тоа? Одговорот лежи во изборот на материјалот.
Имено, популарната Јелена Карлеуша во фустанот блесна на роденденската прослава на својата драга тетка Данијела.
Разбирливо, би додале ние, земајќи предвид дека поп-пејачката е позната трендсетерка, а на која од двете дами поубаво ѝ прилега, проценете сами!
Фото: Инстаграм