Јелена Карлеуша ќе „полуди“ кога ќе ги види: Овие пејачки ја „соголија“ (ФОТО)
Нема да ѝ се допадне
Јелена Карлеуша важи за позната личност што ги промовира модните трендови на Балканот, некои ја нарекуваат и икона на стилот, а факт е, како што и самата истакнува, дека големо внимание му посветува на својот визуелен идентитет и дека во нејзиниот гардеробер има „милиони“.
Токму затоа, неретко ја копираат, пред се’, ги копираат нејзините модни комбинации, а така е овој пат, и тоа од страна, не на една, две, туку три пејачки!
Имено, деновиве на Интернет се појави видеоспот на Јелена Стојковиќ од Виена, кој крена голем прав во јавноста, бидејќи сите помислија дека станува збор за Јелена Карлеуша.
Пејачката од Австрија максимално ја ископирала ЈК, па во спотот се ословува како ЈС, а и се однесува како „дивата“.
Севкупното сценарио и начинот на однесување неодоливо посетуваат на она на Јелена, па многумина останаа зачудени.
На која од сите четири дами најдобро ѝ прилега овој впечатлив и храбар стајлинг, проценете сами!
Фото: Инстаграм