Има 50 години и згодно тело што го истакнала во фустан за вечерна забава: Дали ова издание е претерано за една кралица?

Што мислите?

Кралицата Летиција важи за една од најдобро облечените жени на планетата, но сега се прашуваме дали сепак малку претерала со изборот на последниот фустан?

Кралицата Летиција на 15 септември наполни 50 години. Иако роденденот го поминала работно, во петокот отишла на концерт со сопругот Филип, по повод 50 години истражувања на Шпанското здружение против рак, чија почесна претседателка е токму таа.

Гостите на концертот не го заборавиле роденденот на Летиција, па ѝ ја отпеале песната „Среќен роденден“, а кралицата не криела колку тоа ја трогнало и разнежило. Инаку, за оваа пригода убавата Шпанка одбрала прилично нетипична комбинација, во каква што ретко можеме да ја видиме.

 

Летиција уште една докажала дека не се плаши да експериментира со модата, иако најчесто ѝ е верна на класиката, па овој пат отишла чекор подалеку.

Кралицата одбрала претесен фустан со должина до колената, што ја оцртувал нејзината извајана става, а ова ефектно парче има дизајнерски потпис од брендот „Нина Ричи“. Фустанот целосно бил покриен со светки во специфична тегет-виолетова боја, па секако, привлекувал погледи.

Иако парчињата како овој фустан главно се резервирани за вечерна забава или за црвениот килим, дури и во оваа ситуација Летиција изгледала многу софистицирано, благодарение на вродената отменост. Таа го надополнила изданието со сини салонки од превртена кожа и плик-чанта во истата нијанса, како и со дискретни обетки и свечена фризура.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната Летиција?

Кралицата Летиција ги „шекна“ сите во ЕВТИН ФУСТАН што е олицетворение на врвна елеганција (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.