Храбар моден потег: Сите ја коментираат оваа чанта на Северина (ФОТО)

Топлте, летни денови ги искористи за прошетка низ прекрасниот Сплит и во таа пригода ги воодушеви сите со својот нов стајлинг.

Популарната пејачка Северина Којиќ за прошетката низ родниот Сплит се одлучи за прекрасна жолта тоалета со која искомбинира чантичка во облик на ананас, која предизвика големо внимание и ги воодушеви припадничките на понежниот пол.

Фотографијата објавена на нејзиниот инстаграм-профил изгледа како вистинска летна разгледница, а дека е махер во разбивање на монотонијата повторно докажа токму со овој необичен моден додаток.

Дали вам ви се допаѓа оваа романтична летна комбинација на атрактивната пејачка?

 

Фото: Инстаграм, Јелена Балиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.