Германската пејачка Ким Петрас се појави во Лос Анџелес во контроверзна и шокантна креација која ги изненади присутните.
На црвениот тепих, Ким носеше потполно проѕирен „Гучи“ фустан кој предизвика бурни реакции. Фустанот го откриваше секој дел од нејзиното тело, вклучувајќи ги и голите гради и задникот во танга-гаќи, прикажувајќи го сето тоа пред присутните. Од накит немаше ништо, а на нозете носеше елегантни беж салонки со високи потпетици.
Иако фустанот несомнено беше моден израз, изгледот на Ким не помина без критики.
View this post on Instagram
Покрај провокативниот дизајн, Ким на фотографирањето изгледаше видливо бесна, што дополнително ја зголеми напнатата и непријатна атмосфера на црвениот тепих.
Фото: Инстаграм