Голите гради и задникот врескаат под проѕирната ткаенина: Џиџи го разоружи сите со доза на еротика (ФОТО)

Супермоделот Џиџи Хадид повторно беше меѓу најзабележаните ѕвезди на црвениот тепих на престижниот настан Мет гала во Њујорк, одбележувајќи го своето 11-то учество на ова ексклузивно модно случување.

Овој пат, 31-годишната ѕвезда се појави во уникатна црна креација на модната куќа Miu Miu, инспирирана од архивските колекции од 1998 и 2011 година. Фустанот беше целосно транспарентен, а под него моделот носеше светла долна облека, што дополнително го нагласи драматичниот и авангарден карактер на изданието.

Креацијата беше збогатена со кристални детали, цветни везови и мотиви на пламен, создавајќи силен визуелен ефект што веднаш го привлече вниманието на модната јавност.

Целокупниот изглед беше заокружен со ретро-фризура во бранови, каде што за постигнување на природен волумен биле употребени повеќе нијанси на екстензии, што дополнително ја нагласило романтичната и софистицирана естетика на стајлингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by W Magazine (@wmag)

Со ова појавување, Џиџи Хадид уште еднаш потврди дека останува една од највлијателните фигури во современата мода – самоуверена, смела и целосно во чекор со темата на настанот.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе