Ги прекршила сите правила на добриот стил: Најголемата модна утка на Викторија Бекам што сме ја виделе досега!

И најдобрите можат да погрешат

За нејзиниот стајлинг сите зборуваат со потсмев

Сите се прашуваат како е можно некој кој важи за личност со стил да се појави во ваква модна комбинација?

Викторија Бекам до неодамна поставуваше модни стандарди, но во последно време сите зборуваат дека нејзините стајлинзи се модна катастрофа. Со желба да ги воодушеви обожавателите и да биде иновативна, таа спојува парчиња на кои никако не им е место во истиот стајлинг. Ова дефинитивно е најлошиот стајлинг што сме го виделе во последно време.

Понекогаш многу подобро е да се држите до проверени комбинации одошто да експериментирате.

„Сѐ повеќе личи на бездомничка“, „Изгледа како да го облекла првото нешто што го нашла во плакарот“, се само некои од коментарите што можеле да се прочитаат.

Ниту модните критичари кои секогаш ѝ се наклонети не можеле да го пофалат овој стајлинг. Изгледа дека модната кралица останала без инспирација.

Повторно ги прекршила сите модни правила: Стајлингот на Викторија Бекам е тотална утка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.