Ги поместува границите и не се грижи за критиките: Брижит Макрон се прошетала во чизми во рокерски стил

Си има свој стил!

Секоја модна комбинација на првата дама на Франција воодушевува со деталите

Една од најкритикуваните личности последниве години кога станува збор за модата дефинитивно е Бриџит Макрон (65). Таа не се ни труди да го промени својот стил кој според многумина е премногу младолик за дама во нејзините години.

Од друга страна, многу луѓе ги фалат нејзините модни комбинации и сметаат дека не треба да постои поделба на облеката за „млади“ и „стари“.

Едно е сигурно, секогаш е облечена примерно и соодветно за приликата, а притоа не се плаши да ги поместува границите на модата со избор на похрабри парчиња, како што се кожени панталони и кратки фустани.

Првата дома обожава и интересни модели на обувки, па така таа покажала уште еден ефективен модел од својата колекција за време на доаѓањето во Елизејската палата.

Макрон одбрала фантастични чизмички во рок фазон со широки потпетици, украсни ременчиња и нитни што одлично се вклопувале со остатокот од комбинацијата во која се истакнал и капутот од модната куќа Луј Витон, како и чантата од модната куќа Хермес.

Рокерските чизмички се како створени за дами со став и на овој начин таа уште еднаш несвесно им пратила порака на критичарите дека својот стил ќе го крои според своите правила.

Ова не е прв пат Брижит Макрон да докаже дека за неа годините не се пречка! Погледнете како изгледа во мини-фустан и вртоглаво високи потпетици.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.