Фустанот на Софија Вергара го запали Инстаграм: Дали е драматично проѕирен или пристоен?

Поделени мислења

Погледнете зошто модната комбинација на Софија Вергара е тема на дискусија

Колумбиската актерка Софија Вергара (48) едвај ја дочека пролетта за да ужива во носењето лелеави и удобни фустани.

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ се појави на снимање во Лос Анџелес во впечатливо издание, а потоа сподели фотографија и со следбениците на Инстаграм.

Пред камерите и фоторепортерите позирала во неонски фустан во боја на лимета, што го носи потписот на брендот Self Portrait.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)


Станува збор за миди-модел без ракави со А-крој и со вградена постава. Со оглед на тоа што е од тантела, фустанот го разоткрива и телото.

Токму затоа се развиле дилеми на социјалните мрежи дали открива премногу кожа, а многумина се согласуваат дека повеќе ги потсетува на ноќница одошто на фустан, па затоа сметаат дека не е за појавувања во јавност.

Овој стајлинг Софија Вергара го заокружила со високи розови потпетици со потпис на италијанскиот моден креатор Џузепе Заноти, додека од модни детали ставила очила за сонце со предимензионирани рамки, на американскиот бренд Foster Grant.

Ирина Шајк во проѕирен костим: Дали би се осмелиле да го облечете? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.