Финската политичарка ја распаметила јавноста со својот стајлинг: Дали ова е премногу за една премиерка?

Што мислите?

Луѓето се воодушевени од храброста на премиерката!

Руисрок е рок-фестивал што се одржува секоја година во Финска. Тоа е еден од најстарите фестивали во Европа, па не е ни чудно што привлекува голем број меѓународни уметници, како и познати личности.

Фестивалот заврши вчера, а најголемо внимание привлекла финската премиерка.

Имено, таа на фестивалот се појавила во необичен стајлинг. Многумина би рекле дека ова е прилично смел избор за некој што врши функција на премиерка.

Сана Марин важи за некој што ги руши сите табуа, што не се вклопува во традиционалните уверувања. Ова не е првпат таа да ја изненади јавноста со својот стајлинг. Во една пригода, Сана позирала за насловната страница на еден магазин, во сако, без градник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trendi & Lily (@trendimag)

На овој начин Сана сака да покаже дека една политичарка има и свој приватен живот и дека јавноста треба да ги раздели приватните и професионалните работи.

На овој познат фестивал, Сана Марин се одлучила за модна комбинација во рок-фазон. Тексас-шорцевите ги искомбинирала со црна кожена јакна, црни чизми и црна маица. Многу едноставно, а сепак во склад со пригодата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruisrock (@ruisrock)

Јавноста била воодушевена, па позитивните коментари не стивнувале на Инстаграм.

„Кралица“, „Толку кул“, „Таа е икона, таа е легенда“ – се само некои од коментарите.

Како ви се допаѓа стајлингот на премиерката?

Интернетот „гори“ поради финската премиерка (34): Позирала без кошула и градник!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.