Еве зошто Мајли Сајрус беше топ-тема на премиерата на филмот на својот сопруг (ФОТО)

Дури ни бурмата не успеа да ја „скроти“

Контроверзната Мајли Сајрус го претставуваше сопругот Лиам Хемсворт на премиерата на романтичната комедија Isn’t It Romantic. Популарниот актер од здравствени причини не успеа да присуствува, но затоа го испрати „најдобриот“ претставник…

Имено, поп-пејачката се појави во црвен раскошен фустан од есенската колекција на модната куќа „Валентино“.

Раскошниот фустан беше и повеќе од впечатлив, особено поради фактот што Мајли под него беше – гола! И тоа на сите им стана јасно, па затоа беше топ-тема на која разговараа колегите на нејзиниот сопруг.

Лиам, за жал, не можеше да присуствува поради здравствени причини … тој закрепнува и го користи времето за одмор и заздравување. На уметниците им е тешко да се стават себеси пред својот проект, но овој пат тоа беше нужно. Многу сум среќна што го видов како свети во оваа комедија! Тој е најсмешниот човек што го знам, а светот сега го гледа Лиам покрај кој се будам секој ден …. најсреќна“, го оправда Мајли отсуството на сопругот.

Последниве неколку дена се занимавам со доста иритирачки здравствени проблеми. Среќа што ја имам најдобрата девојка на светот да го претстави филмот во мое име. Ти благодарам за поддршката, душо! Се надевам дека сите ќе уживаат во фиммот“, јавно и’ се заблагодари Лиам Хемсворт на својата сопруга.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.