Двете најдобро облечени кралици го прошетале истиот фустан: На која подобро ѝ стои?

Што мислите вие?

Шпанската кралица Летиција и холандската кралица Максима редовно се наоѓаат многу високо на листите на најдобро облечени дами од кралските кругови

Двете кралици секогаш предизвикуваат восхит во модниот свет, а познати се и по тоа што не се плашат од модни експерименти. Затоа, тешко е да се каже чиј стајлинг, кој вклучува исто парче со потпис на добро познат шпански бренд, бил поуспешен.

Две кралици се појавиле во истиот фустан во црвена боја што го потпишува Масимо Дути, шпански бренд познат по квалитетни парчиња по пристапни цени.

Неодамна, шпанската кралица добила само пофалби за црно-црвената комбинација.

Кралицата Летиција обожава женствени стајлинзи што ја истакнуваат нејзината прекрасна фигура, па привлекувала погледи за време на отворањето на изложба во Мадрид и била забележана во впечатливиот фустан.

Секогаш одлично облечена, поранешната новинарка со црвениот фустан со долги ракави облекла и капут на Каролина Херера и двобојни лакирани чевли на висока потпетица во истиот тон на црвена боја.

Кралицата Максима, голема љубителка на впечатливи дезени и ведри бои, истиот фустан го носела во октомври минатата година, а храбро го искомбинирала со капут во истиот тон на црвена од брендот Оскар де ла Рента и со високи црвени чизми.

Холандската кралица, која е родена во Аргентина, овој впечатлив стајлинг го заокружила со големи обетки во форма на змија и со ретро црвена чанта.

На која кралица подобро ѝ стои црвениот фустан?

Совршен стајлинг за жени во зрелите години: Кралицата Летиција направила полн погодок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.