Дуа Липа блескаше во мрежестиот фустан на црвениот тепих, привлекувајќи ги сите погледи – а провокативната комбинација ја надополни со неочекуван накит.
Пејачката Дуа Липа привлече огромно внимание со својот провокативен стајлинг на 50-то издание на доделувањето на Chaplin Awards во Њујорк. Се појави во целосно проѕирен фустан, кој го надополни со впечатлив златен ѓердан.
Албанската ѕвезда без задршка ја покажа својата фигура – и повеќе од очекуваното. Фустанот, кој совршено ја следеше нејзината вита линија и имаше длабоко деколте сè до стомакот, е дело на модната куќа Schiaparelli, од колекцијата есен/зима 2025/2026.
Дуа Липа самоуверено позираше во оваа проѕирна, мрежеста тоалета, под која се гледаа црните гаќички, а силуетата дополнително ја истакна со високи црни потпетици со ремче. Целиот изглед го заокружи со предимензиониран ѓердан, кој потсетува на модните трендови од доцните 2000-ти.
View this post on Instagram
Комбинацијата ја надополни со впечатливи обетки, што јасно укажува на враќањето на големите парчиња накит како доминантен моден акцент во претстојните месеци.
Инаку, Дуа Липа моментално е во среќна врска со британскиот актер Калум Тарнер, кого го запозна со семејството и го одведе во својата родна земја. Нивната романса трае повеќе од една година, а за Божиќ се свршија, славејќи го тој момент заедно со своите најблиски.
Фото: Инстаграм