Џоан Колинс: Луѓето денес не се дотеруваат како порано

„Џоан за празниците“ (#joanefortheholidays)- вака гласи ознаката за новата реклама на модниот бренд „Валентино“. Фантастичната Џоан Колинс која годинава го прослави 86. роденден, се појавува во рекламата облечена комплетно во црвени парчиња со потпис секако на францускиот моден бренд.

 

Инаку, пријателството на актерката и Валетино Гаравани започна уште во 1960-тите години, кога првпат го посетила ателјето на дизајнерот во Рим. До денес му останува верна, а оваа реклама е уште еден доказ за тоа.

„Не можете да ја чувате облеката со години. Тие едноставно нема да изгледаат добро“, вели Џоан.

Но, постои едно парче кое вели може да му одолее на времето.

https://www.instagram.com/p/B5Ai7gNoti4/?utm_source=ig_embed

„Се работи за прекрасен, црн, сјајен фустан од шифон кој го купив на едно од шоута на „Валентино“ за Висока мода во ’80-тите. Пред неколку години разговарав со Валетино и му се жалев дека треба да одам на еден настан, ама не немам што да носам. И тој, бидејќи има неверојатна меморија ми рече: „Драга, зошто не го носиш оној црн фустан што го купи во 1989 година?“, бев запрепастена дека се сеќава на тоа.“, вели Колинс за „Вог“.

Во разговорот за магазинот уште вели дека денеска луѓето не се дотеруваат, како порано:

https://www.instagram.com/p/B5KuEaYAtm9/?utm_source=ig_embed

„Се надевам дека луѓето ќе трошат повеќе пари на облека, затоа што денеска никој не се дотерува. А ако го направите тоа, тогаш луѓето се ѕверат во вас, или прават непријатни забелешки… Можеби не толку непријатно, но како тоа да е нешто лошо „Ооо види како изгледаш! Баш си се дотерала“. За мене тоа е тажно, затоа што тоа би значело крај на купувањето на елегантна облека во продавниците. На крајот сите ќе завршат во фармерки и маица, што го сметам за трагично. Мразам џинс. Мразам фармерки, изгледаат толку непривлечно. А посебно мразам фармерки со дупки на колената или насекаде. Исто така, не сум фан на маици со лого. Сакам да ми биде удобно, но сакам и да сум елегантна. Не се совпаѓам во животниот стил во Лос Анџелес, бидејќи сите се во маици и фармерки. Не ми се допаѓаат тие комбинации, а и на Валентино исто така. Господинот Валентино е секогаш исклучително дотеран, што мене посебно ми се допаѓа“, искрена е Колинс.

А на прашањето, како таа одговара на незгодните коментари дека е премногу дотерана, вели:

„Јас само им кажувам: „Благодарам“!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.