Џенифер Лопез со ОВИЕ комбинации го демонстрира гламурот на стариот Холивуд (ФОТО)

Кој е вашиот фаворит?

Џенифер Лопез секојдневно се гледа на улиците на Њујорк, каде што во моментов го промовира својот најнов филм „Омажи се со мене“.

Двата стајлинзи на популарната пејачка и актерка се истакнаа со својата елеганција, носејќи ја естетиката на златниот Холивуд.

За почеток, таа изгледаше многу елегантно во долгиот црн капут со А-крој, кој го красеше детаљ во форма на двоен ремен околу половината. Под палтото ѕиркаше сива кошула со јака, закопчана со две мали црни копчиња.

profimedia-0660151361.jpgВо овој манир, Џеј Ло продолжи со својот втор аутфит, во макси смарагдно-зелениот капут на Del Core, со волуменозни ракави и детаљ во форма на ремен, кој ѝ ја истакнуваше половината. Под капутот, латино-дивата носеше долг зелен фустан со жолто-бел цветен дезен, кој го искомбинира со бели чевли со шпиц.

Стајлингот го заокружи со мини-чанта, усогласена со смарагдно-зелениот капут, големи очила за сонце и златни обетки во форма на ѕвезда.

profimedia-0659249348.jpg

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.