Џенифер Лопез прогласена за модна икона: Незаборавните изданија кои на латино дивата и ја донесоа ласкавата титула (фото)

Актерката и пејачка Џенифер Лопез е прогласена за модна икона на годината од страна на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). Официјално, титулата ќе ѝ биде доделена на свечена церемонија во музејот Бруклин во Њујорк.

https://www.instagram.com/p/Bu6i-pfAE43/?utm_source=ig_embed

 

Пред Џенифер, оваа титула ја имале Ријана, Бијонсе, Лејди Гага и Наоми Кембел. Претседателот на жирито, Стивен Колб вели дека никогаш не е лесно да се одлучи кому ќе припадне оваа титула, бидејќи има многу потенцијални кандидати. Тоа што пресудило годинава Џенифер да ја добие титулата е нејзиното постојано присуство во светот на модата, но и смелоста.

„Таа е секогаш забележана каде и да се појави и секогаш за неа се зборува. Тоа ја прави совршен избор“, вели Колб.

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.