Џенифер Лопез повторно доминира на црвениот килим, но нејзината фризура ги разочара критичарите (ФОТО)

Им го „украде“ вниманието на сите

Фото: Getty Images

Доделувањето на Американските музички награди, кое се одржа во неделата, помина во знакот на Џенифер Лопез, која го привлече сето внимание врз себе, како и обично…

За свечениот прием на црвениот килим, Џеј Ло избра совршен сребрен комплет од колекцијата на Balmain за пролет 2021 година, а голем број модни критичари се согласија дека креацијата на неа ѝ стои многу подобро отколку на манекенката на ревијата, токму поради раскошните облини.

 

Меѓутоа, многумина забележаа еден детаљ што „боде“ очи…

Имено, т.н. изглед на „мокра коса“ веќе некое време се наоѓа на листата на помалку посакувани фризури, особено кога доминира студеното време. Иако некои жени низ историјата успеаја да го изнесат споменатиот тренд на свечените пригоди, сепак тоа е вистинска реткост, а во поголемиот број случаи ваквиот избор претставува тотална утка.

Дали вам ви се допаѓа стајлингот на латино-дивата и дали сметате дека го направила вистинскиот избор при изборот на фризурата?

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.