Џенифер Анистон (50) во црн кожен фустан: Глетка за паметење!

Одлично изгледа!

ФОТО: Profimedia

Атрактивно издание на харизматичната актерка на премиерата на нејзиното ново филмско остварување

Џенифер Анистон се врати на црвениот тепих и изгледа неверојатно! Актерката пристигнала на премиерата на својот најнов филм „Murder mystery” во атрактивен кожен мини-фустан.

Го вратила назад својот имиџ на убава девојка од Калифорнија, со руса коса, бронзена кожа и природна шминка што го дава ултимативниот пакет Анистон!

ФОТО: Profimedia

Позирала насмеана и среќна со актерот Адам Сендлер и остатокот од актерската екипа на прославата на филмот кој ќе се прикаже на Нетфликс на 14 јуни.

Џенифер го прославила својот 50-ти роденден во февруару со забава на која присуствувале ѕвезди како Кортни Кокс, Бред Пит, Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон и други.

ФОТО: Profimedia

Омилената актерка му е многу лојална на својот тим за мода и убавина со кого работела долги години. Модните стилисти задолжени за Џенифер се Нина и Клер Халворт, а за нејзината коса веќе долги години се грижи фризерот Крис, кој е одговорен и за создавањето на легендарната „Рејчел“ фризура.

Како ви се допаѓа ова издание на харизматичната актерка?

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време