Деколте до папок, шлиц до колк: Ова е најразголеното издание на доделувањето Оскари!

Шокантно

Многумина коментирале дека кој било може да се појави на ваков престижен настан, ако веќе и таа е тука

На 92. доделување на наградите „оскар“, меѓу гостите се нашла и Блек Чајна, поранешна стриптизета и ѕвезда од реални шоу, која своевремено била во врска со Тига, а потоа и со Роб Кардашијан, со кого има ќеркичка и со кого подоцна јавно завојувала.

Оваа старлета се појавила во црн фустан со исклучително провокативен крој – има деколте до папок и шлиц до колк, па малку и’ остава на имагинацијата, а на многумина им пречело ова нејзино издание, како и фактот што воопшто се прошетала на црвениот тепих на ова престижно случување.

https://www.instagram.com/p/B8XYFD1BckF/

На социјалните мрежи кружат најразлични шеги на нејзина сметка, а многумина нагласуваат дека и тие би можеле да дојдат на доделувањето Оскари, кога веќе и Блек Чајна е тука.

Што мислите вие? Дали таа е соодветно облечена за ваков настан?

https://www.instagram.com/p/B8XSKfDpMAd/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.