Дефиниција за невкус: Хајди Клум сакала да биде модерна, но се избламирала!

Претерала!

Пензионираната манекенка Хајди Клум е подготвена за маскенбал

Иако имаше направено ситна модна грешка и на забавата по доделувањето Златни глобуси, кога едвај успеала да ги задржи градите во фустанот, нејзината последна комбинација е на едно сосема ново ниво!

Хајди одбрала удобен стајлинг за патување, но нејзиниот избор на дезен резултирал со вистинско модно фијаско! Широките панталони со ѕвездички, Хајди ги искомбинирала со јакна со дезен на животинско крзно и чанта која исто така имала многу впечатлив геометриски принт.

Единственото нешто што не се гледало од авион биле класичните црни чизмички на врзување и ретро очилата за сонце.

Иако нам овој моден израз ни е потполно нејасен, се чини дека Хајди е горда на својот избор со оглед на тоа што се прошетала на аеродромот со високо крената глава и широка насмевка на лицето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.