Дали оваа комбинација е соодветна: Кожените хеланки во кои се појавила кралицата предизвикале вистински полемики!

Смело издание

Јавноста се запрашала дали ваквиот избор на гардероба е пристоен, со оглед на тоа што во оваа комбинација ги извршувала своите кралски должности

Ако ги прашате модните експерти, овој стајлинг е за чиста десетка, без маана. Кралицата Летиција во друштво на крал Фелипе Шести била во посета на Мадридската општина која претрпела голема штета по поплавите што ја зафатиле.

На себе носела многу популарен крој на кожени хеланки и подолго бело сако без ракави. Целата комбинација на надополнила со високи потпетици во црна боја. Од моден аспект оваа комбинација е апсолутен погодок, но она ја поделило јавноста е прашањето дали ваквото појавување е соодветно?

https://www.instagram.com/p/B3BjRrOHf4S/

Со оглед на тоа дека Летиција извршувала своја кралска должност, многумина прокоментирале дека стајлингот и’ е премногу лежерен и наменет за некоја поопуштена прилика.

Еден од коментарите гласел:

https://www.instagram.com/p/B2_3EnFHWNI/

„Обожавам мода и мислам дека добро е да се експериментира, но мора да постојат некои граници. Се знае што е формално облекување кое една членка на кралското семејство мора да го почитува.“       

Дали вие мислите дека ваквото појавување е соодветно?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.