Дали ова е најшокантното издание на сите времиња? „Вакви панталони треба да се носат со посебна дозвола“

Необичен стил

Џулија Фокс, италијанската актерка позната по краткотрајната врска со Канје Вест, се прошетала на улиците во Њујорк во панталони со толку низок струк што сите останале во шок

Џулија Фокс има згодно и затегнато тело, но и голема желба да го покаже.

Позната по краткотрајната врска со Канје Вест и големата љубов кон панталоните со низок струк, италијанската актерка Џулија Фокс повторно ја шокира јавноста со својот моден избор.

На улиците во Њујорк се прошетала во црни, кожени панталони со ултранизок струк што ѝ ја откривал дури и срамната коска.

„Возбудена сум поради враќањето на модата од 2000-тите, кога сите носевме панталони со низок струк, но Џулија Фокс сосема полудела – не ми се верува дека го облекла ова“, гласи коментарот на еден корисник на Твитер.

„Срамота“, коментирал друг.

„Брату што ја стилизираш Џулија Фокс: мора сериозно да разговараме. За да носи вакви панталони, ѝ треба лична карта“, напишал трет.

„Ја видов Џулија Фокс во панталони со низок струк и можам да предложам само едно нешто: Ако се врати модата на панталоните со низок струк, ве молам да ја игнорираме!“

„Овие панталони буквално бодат очи!“

Џулија со овие скандалозни панталони облекла и триаголно бикини во црна боја, кое откривало дел од градите, но ни таквото бикини не можело да дојде до израз од овие панталони!

Дали ова е најкатастрофалниот фустан некогаш направен? Не постои женско тело на кое може да му ласка овој крој!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.