Дали модата официјално отиде по ѓаволите: Еве за што ќе плаќаат жените 990 евра!

Моден предизвик

Кој го купува ова и каква порака испраќа со тоа?

Модните дизајнери секоја година се обидуваат да бидат што покреативни и да претставата интересни парчиња обувки и облека, но последнава сезона работите како да отишле малку предалеку.

До некаде сме навикнати на чудни креации и обувки што го носат името „грди“ (ugly shoes), а тој тренд го покрена брендот Баленсијага, покажувајќи чудни модели на патики со необичен, џиновски ѓон со потполно неприродна форма.

https://www.instagram.com/p/CGlQUGrJKIm/?utm_source=ig_embed

Следуваа сега веќе познатите „чорапи“ патики и чизми, ненормално скапите пластични влечки, копачки за секој ден…

https://www.instagram.com/p/Bnx3HwUHM1i/?utm_source=ig_embed

Од тој моментот „лудилото со обувки“, кое го потпишува креативниот директор на Баленсијага, грузискиот дизајнер Демна Гвасалија, доби сè поголема димензија, за да кулминира оваа есен со најновиот модел чизми кои изгледаат како пластични чорапи со прсти.

https://www.instagram.com/p/CGFZzlVHuNg/?utm_source=ig_embed

Достапен е и рамен и модел со потпетица, а цената на еден пар е 990 евра, што и не е големо изненадување, со оглед на тоа дека најгрдите и најмалку практичните модели обувки на овој бренд чинеле најмногу.

Дали за „новиот бренд“ е виновен брендот или дизајнерот што ги смислува ваквите модели? Дали тие се виновните што толку чинат и што се продаваат како луди? Секако дека не. Тие се само претприемачи и вработени кои го нудат тоа што се бара и тоа што луѓето се спремни да го платат. А најдобро е кога не прашуваат колку чини…

https://www.instagram.com/p/CGXcXa_n_l0/

Останува само прашањето: Кој го купува ова и зошто? Каква порака испраќате носејќи ваков пар обувки? Дали сте модерна жена што ги следи трендовите? Уметничка душа која ја разбира естетиката на грдото што ја форсира Баленсијага?

Всушност, единствената порака што ја испраќате со носење вакви чизми е дека имате 990 евра вишок со кои не знаете што да правите, па ќе ги потрошите на парче гума или пластика и така ќе придонесете за грдите трендови да станат уште погрди, а вредноста на она што е речиси безвредно ќе го издигнете до нови висини.

А зошто сето тоа? Само за да можете да кажете дека вашите чизми се од Баленсијага? Што мислите вие за ова?

Јелена Карлеуша со хипи-стајлинг и Баленсијага (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.