Дали ја препознавате популарната пејачка на фотографијата? (ФОТО)
Што мислите за нејзиниот нов стајлинг?
Дваесет и осумгодишната пејачка прошета низ улиците на елитната населба во Лос Анџелес, Беверли Хилс, во црни кожени панталони со реси и маица без ракави, кои ги искомбинира со црни чизми.
Околу вратот ѝ висеа ѓердани, од кои најмногу највпечатлив е оној со големиот крст. Очите ги покри со проѕирни очила за сонце, а исто така носеше и заштитна маска за лице. Текстот продолжува по огласот…
Доколку ја препознавте Мајли Сајрус, ќе се согласите дека изгледа доста различно од сите досегашни изданија, кои, рака на срце, ги имаше и премногу, земајќи предвид дека контроверзната пејачка обожава да експериментира со својот изглед, а и да провоцира – за да се најде во центарот на вниманието, секако.
View this post on Instagram
Е па, Мајли, повторно успеа! Изгледаш како вистинска рок-ѕвезда! Иако си повеќе поп-пејачка… или си рок?!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм, Профимедија