Чевлите што ги носи Џесика Алба се одлично решение за ниските девојки: Не се потпетици!

Не изгледаат баш најдобро, но практични се

Холивудската актерка била фатена во ова издание

Џесика Алба (37) била фотографирана на улиците во Лос Анџелес на прошетка без ронка шминка и во опуштено издание.

За разлика од нејзините колешки кои и надвор од црвениот тепих носат високи потпетици, Џесика се труди максимално да ги одбегне и бира рамни обувки.

Овој пат, таа прошетала модел на чевли со дебел ѓон, кои се моментален фаворит.

Станува збор за чевли кои исто како потпетиците даваат визуелен ефект на издолжување на фигурата, но сепак се значително поудобни од високите потпетици.

Иако на прв поглед не изгледаат баш најдобро, добар избор се за сите оние кои сакаат да и’ додадат на својата фигура некој сантиметар повеќе.

Инаку, ако се одлучите за овие чевли, како и холивудските актерки, ортопедите советуваат да бирате модели чиј ѓон е направен од лесна гума, бидејќи носењето тешки чевли им наштетува на стапалата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.