Чанти во форма на топки, парфеми, секири: Новиот тренд ги воодушеви познатите дами и дизајнери

Што велите за чанта во форма на омилениот помфрит?

Ким Кардашијан го следи овој тренд

Се сеќавате кога сите ги заменија преголемите чанти со минијатурни чантички во кои не собира ништо друго освен телефон и кармин?

Долго време дизајнерите беа инспирирани од овој тренд и буквално се натпреваруваа кој ќе измисли помала и послатка чанта, но отсекогаш било задолжително да ја следи бојата на чевлите и да се вклопува во стајлингот.

Сега се случува нешто сосема поинакво! Веќе не се популарни ниту малите, ниту големите чанти! Моментално во фокусот се несекојдневните модни додатоци кои буквално ќе ја разбијат монотонијата на секој моден изглед.

Па така, Ким Кардашијан била видена со чанта во форма на помфрит и го започна трендот што дозволува да ги понесете со себе вашите омилени играчки, храна или парфем во форма на моден додаток.

Во галеријата издвоивме некои од најинтересните облици, а веруваме дека и вие ќе си го пронајдете омилениот, бидејќи познатите дами веќе го сторија тоа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време