Број 1 чизми оваа есен: Некои не можат да ги поднесат, а други полудуваат по нив!

Светска мода

Каубојките изминаа долг пат од работни, функционални обувки создадени некаде по средината на 19 век за потребите на каубојците до обувки кои станаа чевли број 1 во женскиот плакар за чевли.

Сосема необјаснива појава, ќе се согласиме, но едно е сигурно – оваа есен и зима најмодерен модел на обувки ќе бидат токму овие чизми.

Не дека веќе не сме имале можност да носиме каубојки, тие веќе со децении доаѓаат и си одат од модната сцена, и иако секогаш имаат различен шмек и се стилизирани да ги следат модните трендови. Ако имате добар класичен пар во црна или кафена боја, можете слободно да ги чувате со години во плакарот.

Денес, каубојките малку не потсетуваат на Дивиот Запад, но ги задржаа главните карактеристики – шилестиот горен дел, косината на потпетицата и тоа што допираат преку зглобот и имаат шлиц на средината на предниот дел.

Од друга страна, актуелните модели се модернизирани со метални детали, живи, нетипични бои, апстрактни дезени, уникатна форма на потпетици…

Овој модел на чизми остава посебен впечаток кај помладите генерации кои ги користат овие чевли за да додадат капризност и смелост во својот стил, а сепак успеваат да изгледаат кул и тренди. Колку се популарни најдобро говори податокот дека на социјалнати мрежи се забележани 379,7 милиони прегледи под хаштагот #cawgirl!

Доколку одлучивте да го следите овој жежок тренд оваа сезона и да инвестирате во каубојки, комбинирајте ги на едноставен начин – со кратки карирани или кожени здолништа, тесни фармерки или слаби кожени панталони или лелеави здолништа со средна должина. Одлично се комбинираат со “oversized” џемпери и кошули, како и подолги јакни.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.