Анџелина Џоли во склад со својата улога олицетворение на злото: Црн фустан, скорпија на половината!

Препознатлива!

Стил на кој со задоволство му се враќа

Анџелина Џоли можеби глуми олицетворение на злото во новата екранизација на „Господарката на злото“, но синоќа на премиерата на својот нов филм ја играла улогата на грижлива мајка.

https://www.instagram.com/p/B3Ex_iXodx6/

Имено, друштво на црвениот тепих и’ правеле речиси сите нејзини деца. Само Медокс недостигал и тоа поради обврски на факултет.

https://www.instagram.com/p/B3HaP4fgAou/

Анџелина на црвениот тепих дошла во препознатлив стил: со црн долг фустан, со откриени рамена. Во црна кожа од глава до пети и со сребрена скорпија закачена на половината, актерката изгледала опасно.

https://www.instagram.com/p/B3Ha21YprqL/

Сите нејзини тетоважи дошле до израз, поради високо подигнатата коса и фустанот што ги открива грбот и рамената.

https://www.instagram.com/p/B3HVun_Fwtm/

Изгледа дека актерката го обожава „опасниот“ изглед и со задоволство му се враќа.

https://www.instagram.com/p/B3HXmtdHgVY/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.